Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.

 

 

Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, изјави Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла противпожарна единица.

Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.