Мигранти од Пакистан држеле во заложништво поголема група мигранти во селото Ваксинце.

Како што се наведува во извештајот од страна на СВР Куманово, по претходно добиени сознанија дека во објект во с.Ваксинце 2 непознати лица – мигранти држеле поголема група на мигранти во заложништво, превземени се мерки и активности при што денеска во напуштен објект се пронајдени 21 лице – мигрант, од кои 2 сторитела од Пакистан кои се лишени од слобода и 19 оштетени лица – мигранти.

Мотивите за делото сѐ уште не се разјаснети.

Се работи на целосно расчистување на случајот и поднесување на соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.