Вчера околу 23.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Жена-парк на ул.,,Борис Кидрич“ во Тетово дошло до вербална расправија која преминала во физичка пресметка помеѓу М.С. (18) од Тетово, од една страна, и Р.З. и К.В., од друга страна, при што Р.З. со остар предмет му нанел убодни рани на М.С. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Полициските службеници од СВР Тетово веднаш го лишиле од слобода Р.З., кој по насоки на Јавен обвинител е задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово. По документирање на случајот ќе следува поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.