Еден од учесниците во вчерашната сообраќајка, во која за жал имаше смртни последици, имал изречено 16 казни од јануари оваа година, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека на булевар „Борис Трајковски“ од јануари до мај се изречени 369 казни за брзо возење.

Сето ова покажува колку сите треба да бидеме свесни како се однесуваме во сообраќајот. Упатувам апел до сите граѓаните да помислат на своите деца кога седнуваат зад воланот, рече министерот за внатрешни работи.

Вчерашната несреќа, како што информира МВР, се случила околу 22 часот при судир на две возила „голф“ и „пежо“.

Во Скопје во изминатото деноноќие се случиле вкупно девет сообраќајки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.