Маж загина во несреќа во с.Канарево, кумановско.

Како што соопштија од МВР, вчера околу 14:30 часот Т.М.(72) од Куманово, при изведување земјоделски работи, бил прегазен од тракторот додека откачувал плугови од него.

Тој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.