Вчера околу 9.30 часот било пријавено дека на улицата број „7“ во скопското село Долно Соње, трактор „масеј фергусон“ кој влечел цистерна, а бил управуван од И.Т. (62) од селото, излетал од коловозот и се превртел. Од здобиените повреди И.Т. починал на местото на несреќата. Увид бил извршен од увид од екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.