Тракторист загина откако се превртил тракторот со кој тој управувал. Како што соопштија од МВР, вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на с.Горно Коњари, скопско, на место викано „Долг рид“, И.С.(72) од с.Горно Коњари, управувајќи трактор „имт“ се превртел и паднал, а за кусо време им подлегнал на повредите.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.