Вчера околу 16,10 часот во Полициска станица Виница било пријавено дека на место викано „Лисец-Бараки’’ на планината Плачковица во атар на с.Градец,виничко, П.С.(53) од Берово, додека го поправал тракторот, бил прегазен од него.

П.С. бил пренесен во Општата болница во Кочани, каде околу 19 часот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, а телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.