Четириесет и петгодишен тракторист вчера загина во откако машината му се превртила.

Како што соопшти денеска МВР, вчера во 18.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во периодот од 17.00 до 17.30 часот, додека З.С.(45) од Неготино вршел земјоделски работи со трактор на нива во атарот на с.Тимјаник, неготинско, тракторот се превртел и З.С. починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.