При несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, синоќа при работа со градежна машина, животот го загуби работник В.К. 60 години, информираат од РЕК Битола.

Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, стои во соопштението од РЕК Битола.

Од РЕК Битола, посочуваат дека јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.