Загина работник при извршување на работни задачи во рудник

Црна хроника 20.02.2020 / 11:31

Во рудник во Прилеп вчера околу 11:15 часот почина работник.

Од МВР информираат дека Д.З.(67) од Прилеп, кој управувал товарно возило „сканија 113“, со велешки регистарски ознаки, при извршување работни задачи во рудникот паднал од камионот.

Тој бил пренесен во Општата болница Прилеп каде од лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.