Едно лице загина во несреќата што вчеравечер се случила во тетовско Желино.

Како што соопшти МВР, во 20.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во тетовско Желино, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ф.(42) од ова село, управувано од лице кое го напуштило местото, удрило во пешакот З.С.(50), од истото село.

Од здобиените повреди пешакот починал на местото на несреќата. Увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Сопственикот на возилото Д.Ф. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.