Синоќа во 22.20 часот на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во с.Облешево, патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(23) од с. Стар Караорман, удрило во пешакот Т.Ј. (56) од Штип.

Во незгодата Т.Ј. починал, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.