Скопјанец го загуби животот во несреќата што се случи синоќа во 19.20 часот на локален пат во населба Илинден, Скопје.

Како што соопшти МВР, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(21) од с.Марино, скопско, удрило во пешак С.С.(79) од населба Илинден, кој починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.