Синоќа во 22,50 часот било пријавено дека на раскрсницата со локалниот пат Богданци-с.Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од с.Стојаково, и товарно моторно возило “Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово.

Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.