Момче загина во сообраќајна несреќа во Кавадаречко околу 4:00 часот изутринава, информираат од МВР.

Сообраќајката се случила на регионалниот пат Дреново-Кавадарци, патничко моторно возило „форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.М. (20) од село Возарци-кавадаречко, излетало од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.