Прилепчанец загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила ноќва околу 00:30 часот на регионалниот пат Прилеп – с.Ропотово.

Како што соопшти денеска МВР, патничко моторно возило „пежо 307“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(27) од Прилеп, излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата возачот починал на местото на несреќата.

Со телесни повреди се здобиле сопатниците Ф.Б.(27) и О.Д.(18) и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.