Загина 22-годишен кавадарчанец, сооптши денеска МВР. Несреќата вчера во 14.00 часот во СВР Велес, ја пријавила мајката С.Ѓ.(64) од Кавадарци.

Според пријавата, во семејната куќа на ул.„Страшо Пинџур“ во Кавадарци, нејзиниот син Н.Ѓ.(22) од Кавадараци паднал, по што била повикана Итна медицинска помош од Општата болница Кавадарци и од страна на лекар е констатирана смрт, без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициска станица Кавадарци и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.