Камионџија загина откако излетал од пат, вчера кај Берово,иформираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 21.45 часот на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Костов мост“. Тогаш товарно моторно возило „застава 8310“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.М.(54) од с.Двориште, беровско, излетало од патот.

Возачот на камионот починал на самото место на несреќата.

Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Берово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.