Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер во скопската населба Ченто.

Како што соопшти МВР, во 18.50 часот било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“, Г.А.(40) од с.Стајковци, кој управувал патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.