Во СВР Скопје утрово околу 04.50 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино – с.Таор, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(32) од Скопје, излетало од патот.

Возачот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.