Триесет и едногодишниот Н.З. од село Локвени вчера загина во несреќа со неговиот трактор.

Додека вчера околу 18,30 час, Н.З.  управувал трактор марка „фиат“, со кој се движел по ридот во близина на патот од с. Локвени кон манастирот „Свети Атанасие“, во еден момент од засега непознати причини тракторот се превртел, при што Н.З. бил потиснат под возилото.

Во близина на местото се нашле лицата Б.Е. и Н.З коишто го извадиле повредениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп, но во близина на село Врбјани, повредениот им подлегнал на повредите.

Смртта е констатирана од доктор од Итната медицинска помош во Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПСОН Прилеп, и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.