Во сообраќајка што се случила ноќеска на регионалниот пат Кочани – село Зрновци, починало 23 годишно момче, а неговиот врсник е повреден, откако со возилото излетале од патот.

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска околу 01:30 часот на регионалниот пат Кочани –  село Зрновци, на влезот во село Зрновци, кочанско, К.С. (23) од Кочани управувајќи патничко моторно возило „поло“ со кочански регистарски ознаки излетал од патот. На местото на настанот починал совозачот Б.М. (23) од Кочани, а К.С е пренесен во Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош .

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кочани, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.