Вчера во 14.45 часот на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.З.(62) од Гостивар и мотоцикл „кавасаки“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од З.З.(21) од Гостивар.

МВР денеска соопшти дека од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.