Во сообраќајна несреќа во тетовско Слатино животот го загуби 19 годишнно момче од Теарце. Несреќата се случила околу 17 часот.

На локален пат во тетовско Слатино се случила сообраќајна несреќа во која учествувал мотоцикл што го управувал 19 годишник од тетовско Теарце и трактор со приколка без регистерски ознаки што го управувал 60 годишен жител на тетовско Слатино. Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската клиничка болница по што итно бил префрлен на скопските клиники каде набргу починал, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.