Зоран Заев тврди дека не му е познато дека кај пратеничката Форсина Ременски имало метеријали од случајот „Монструм” како и дека тој на неа не и предал докази за петкратното убиство, пренесува МКД.мк

Овие информации вчера се најдоа и на листата на прашања на адвокатката Дафинка Ивановска која е законски застапник на родителите на убиените момчиња кај Смилковското езеро. Таа на  Заев му постави прашање дали му е познато дека кај Ременски имало материјали од „Монструм“ и кој би можел да и ги даде без наредба?

На ова Заев како сведок пред судот одговори дека не му е познато дека во домот на пратеничката биле најдени документи, како и дека тој не ѝ давал материјали на Ременски за случајот „Монструм“.

Заев пред судот вчера рече дека се што тој имал како доказ за „Монструм“ предал во СЈО, како и дека од неговиот увид во снимките заклучил дека немаат континуитет, односно дека луѓето во МВР не можеле секогаш да земаат копија и да му ја достават.

Претседателот на СДСМ вчера два и пол часа даваше исказ за случајот „Монструм“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.