Премиерот Зоран Заев денеска сведочеше во предметот „Таргет Тврдина“ откако претходно пред судот даде заклетва дека ќе ја говори вистината. Тој истакна дека за првпат слушнал за незаконско следење на комуникациите го дознал и увидел кога станалпретседател во 2013 година и оти тогаш претседател на комисијата за безбедност бил Зоран Верушевски.

Бев информиран од партиската комисија дека располага со материјали за незаконско следење кои беа и во пишана форма и во аудио. Претседателот на комисијата ме запозна по кој пат ги добила материјалите. Тогаш не ги знаев лицата Костовски и Лазаревски, но денеска се знам со нив. Од материјалите констатирам дека се прави масовно прислушување на граѓаните надвор од судска наредба која опфаќа повеќе од 20.000 граѓани. Најприслушвана беше СДСМ и нивни претставници, како и новинари и експерти и професори, невладини организации, деловни луѓе но неколку броеви од тогашната власт. Прислушуван бев јас, веднаш после претседателот Црвенкоцски, истакна Заев.

Премиерот пред судот го кажа својот телефонски број од кој бил прислушуван од периодот на 2008 до 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.