Премиерот Зоран Заев денеска пред судот нагласии дека од материјалите што имал можност да ги слушне може да потврди дека тие се се автентични.

Ја потврдувам автентичноста на моите разговори и СМС пораки се автентични.

Прашан каде се чувале материјалите и кој се имал пристап, Заев објасни.

Материјалите беа обезбедувани во посебна просторија.Пристап имаше само Верушевски и претеседателот на СДСМ без разлика кој, рече Заев.

Заев на Груевски му ги раскажувал дел од прислушуваните разговори

Премиерот Заев денеска истакна дека поседувале околу еден милион материјали во различна форма и оти дел се однесувале и за поранешниот премиер Никола Груевски. Со него имал четири средби во просториите на Владата. На една од наративно му доловил за некои од разговорите што ги имал.

Конкретно еден се однесуваше како тој купил плац на Водно, посочи Заев.

Премиерот рече и дека тогашниот премиер му побарал да го слушне материјалот но оти не му дозволил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.