Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, најави обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи на денешното рочиште. Ваквата најава следи откако еден од родителите на убиените момчиња побара одговори – дали ќе ги слушнат разговорите на таканаречените „заштитени мечки“, односно разговорите кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство и се повикал да ветувањата на Заев.

На ова барање Фетаи одговорила дека во судница ќе биде повикан и Заев.

На денешното рочиште за „Монструм“ беа доставени нови докази, односно транскрипти, кои ќе бидат објавени на наредното рочиште, закажано за 5 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.