Во Кривичниот суд денеска треба да се појави Зоран Заев каде  е повикан да сведочи за нелегалното масовно прислушување во УБК, односно за случајот „Таргет и Тврдина“.

Заев ќе треба да сведочи за своите сознанија за нелегалното прислушување во УБК, по барање на Обвинителството, односно-бо во детали да објасни како „бомбите“ стигнале во негови раце, и која била улогата на неговиот актуелен советник за безбедност Зоран Верушевски.

На претходното рочиште Верушевски, целата вина за прислушувањето ја насочи кон екс премиерот Никола Груевски, кој според него бил мозокот на нелегалната операција, а ниту еднаш не го спомена името на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Груевски не е обвинет во овој случај, туку Мијалков и уште неколкумина поранешни вработени во УБК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.