СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И.(33), Г.Ј.(34), С.Ј.(34), сите од Скопје и против фирма од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што наведуваат од МВР, годинава на 2 Август, пријавените организирале музички настан во Градиште и на плажата, без почитување на мерките за спречување и ширење на заразна болест Ковид-19 и протоколите за отварање и работа со кафетерии, односно пријавените не постапиле според владините уредби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.