Маркет на улицата „Кузман Шапкарев“ во Скопје е ограбен за време на полициски час.

Вчера во 08.50 часот било пријавено дека во периодот 18/19.04.2020 на ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје непознати сторители извршиле тешка кражба во маркет. Имено лицата кривичното дело го извршиле на тој начин што со употреба на погоден предмет ја отвориле вратата, по што од канцеларија одзеле сеф со пари и производи, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.