Во куќа во центарот на Кавадарци синоќа се запали оџакот.

По брзата реакција на противпожарната служба, спречена е катастрофа и не е дозволено огнот да предизвика поголеми штети.

Работата беше сериозна бидејќи пожарот имаше зафатено и дрвени греди од кровот на куќата, поради неправилно изведен оџак. На лице место бевме тројца пожарникари со две противпожарни возила. Не дозволивме огнот да направи штети врз куќата и да се прошири на другите куќи лепенки – информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Пожарникарите останале подолго време на терен, за да бидат сигурни дека огнот е целосно изгаснат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.