Крадците не мируваат. Видеа и фотографии од безбедносни камери ги преплавија социјалните мрежи. Разбојниците немаат ниту страв, па се осудуваат да посегнат по вредните предмети среде бел ден и во преполниот Градски парк. Токму такви разбојници уловија бебзедносните камери на градскиот стадион.

Се краде и по влезови на згради, а крадците не се двоумот кога ќе начекаат вреден предмет.

Пред неколку дена во јавност беше објавено и видео од камерите на маркет во Карпош, на кое се гледа таксист кој краде пакет пиво.

Најчеста мета се возилата. Односно, најмногу се краде од возилата, она што ќе го најдат. Потоа, тука се станбените објекти, без разлика дали станови или куќи. Потоа деловните објекти, тука спаѓаат канцеларии и фабрики. Црквите да не ги заборавиме, често се мета на крадците. Викендичките со многу мал процент од 9 отсто и продажните објекти од типот на маркети со 7 проценти, вели портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ за Сител.

За само три месеци, полицијата регистрирала речиси 1.500 тешки кражби, од кои половина во Скопје.

Повеќе на „Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.