Во текот на вчерашниот ден (26.03.2023), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1009 возачи. Од нив 46 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 540 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 469 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 2 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

На поширокото тетовско-гостиварско подрачје вчера (26.03.2023) од 08.00 до 20.00 часот спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле изречени 148 мерки (ТЕ-99 и ГВ-49). При контролата биле откриени и санкционирани 74 возачи (ТЕ-40 и ГВ-34) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 4 (ТЕ) за повеќе од 70 километри на час над дозволеното, а 20 возачи (ТЕ-9 и ГВ-11) до 70 километри на час. Покрај ова, со соодветни поднесоци биле заокружени и 74 возачи (ТЕ-59 и ГВ-15) кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, а санкционирани биле 21 друг вид сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-11).

Вчера (26.03.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 144 возачи. Од нив, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 26.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 87 прекршоци, од кои 56 надвор од населено место и 31 во населено место. Од нив 24 на подрачјето на Штип, 25 во Свети Николе, 14 во Пробиштип, 9 во Берово, 8 во Виница, 4 во Кочани и 3 во Делчево. Санкционирани биле и 31 други видови на прекршоци, од кои 14 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 6 за возач почетник, 3 за претовар, 4 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.