На 19.12.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа затвор Идризово било пријавено дека починал осуденикот Х.К.(44) од Република Албанија. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 18.12.2021 во 13.10 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа затвор Идризово било пријавено дека починал осуденикот Ш.Ф.(76) од Охрид, кој имал здравствени проблеми. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.