Дваесетгодишно момче од Гостивар уценувало две години постара девојка дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии/

Како резултат на заканите, девојката му платила 70.000 денари и му дала златен накит за да не ги објави фотографиите.

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(20) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

 

Пријавениот, во периодот од 1 август до 2 декември лани уценувал 22-годишна жителка на гостиварско село дека ќе објави фотографии со експлицитна содржина, за што во неколку наврати на оштетената ѝ земал околу 70.000 денари и златен накит – информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.