Вчера во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Н.Ц.(35) и Б.А.А.(27), австралиски државјани, влегле во кругот на касарната.

Тие изјавиле дека залутале следејќи ги насоките од ГПС уредот, а имале намера да одат кон Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Лицата биле приведени во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.

Вчера попладне, пак, во касарната бил задржан К.М.О.В. (22) од СР Германија, кој исто така изјавил дека залутал следејќи ги насоките од ГПС уредот.

Лицето било приведено во Полициското одделение Петровец за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.