Црна точка во Тафталиџе е улицата „Дрезденска“, во близина на Катастарот на Република Македонија, каде поради непрописно обележување постојано се случуваат сообраќајни незгоди.

На истото место каде што утрово имаше еден судир, а возило се преврти на кров, попладево се случи и втора сообраќајка, во која учествуваа „опел“ и „југо“.

Граѓаните веќе реагирале до градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и јавно апелираат овој проблем веднаш да се реши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.