Вчера во 18.30 часот било пријавено дека на крстосница на ул.„1“ со ул.„2“ во с.Бразда, скопско, патничко возило „фолксваген пасат“, со непознати регистарски ознаки, удрило во велосипед, управуван од М.Н.(35) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата, соопшти МВР.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

И завчера велосипедист беше тешко повреден откако автомобил удри во него, а возачот исто така побегна од местото на несреќата

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.