Неполни 24 часа откако јавноста стана сведок како полициски службеници брутално тепаат човек среде улица, вечерва на социјалната мрежа фејсбук се појави видео за кое се тврди дека уште еднаш ја покажува полициската бруталност на дело.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како полицајци запираат автомобил и од него брутално тегнат и тепаат луѓе, пишува Курир.

Во описот на видеото не пишува каде се случил настанот, ниту пак кој се причините за ваквиот однос на полицијата.

Јавноста денеска беше шокирана откако на социланите мрежи се појави видео од Роми кои во вторникот направиле сообраќајка по што биле претепани од страна на сообраќајната полиција во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.