Кочанската полиција поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) и Д.Н.(47), двајцата жители на овој град, поради сомнение за сторено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.

Првопријавениот 63-годишник, како советник во објект во Кочани во Одделението за административни и заеднички работи при МВР и второпријавениот 47-годишник како виш референт во објектот, искористувајќи ја својата службена положба ги пречекориле границите на своето овластување на тој начин што во периодот од 2019 до 2021, постапувајќи противзаконски, без спроведена постапка за јавна набавка и без да склучат договор, во 409 наврати извршиле набавка на храна и пијалаци за потребите на објектот од седум фаворизирани оператори.

Како што информираат од МВР, со ваквите нелегални активности биле потрошени 5.135.440 денари буџетски средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.