Вработен во Клиничката болница во Штип бил нападнат од негова колешка.

Физички напад се случил во Здравствениот дом во Штип.

На 27.11.2020, во 12.35 часот, во СВР Штип, А. Г. од Клиничката болница Штип пријавил дека околу 12.30 часот во службената просторија во Здравствениот дом во Штип бил физички нападнат од страна на С. П., вработена во Клиничката болница – Штип се вели во соопштението на МВР.

По комплетирање на случајот, против С.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното Обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.