Полицајка се сликала полугола во униформа и фотографија ја објавила на социјалните мрежи, а Одделот за внатрешна контрола поведе дисциплинска постапка против неа. Иако заматени, на фотографијата се гледаат ознаките на полицијата, откопчана кошула и краватата меѓу градите.

Полициската службеничка е вработена во министерството пред 11 години, и работи во Одделот за гранични работи и миграции пишува А1он.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот за кој прашувате, велат кратко од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.