Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителот до Основниот суд Струмица достави и предлог за продолжување на определената мерката притвор, ценејќи дека се исполнети законските основи.

Обвинетиот на возраст од триесет и две години го искористил претходното познанство со жртвата, па на 11 декември во домот на жртвата во струмичко, го извршил делото напаѓајќи ја оштетената – лице со пречки во развојот и вршејќи обљуба.

Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад, претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото.

По пријава од родител на жртвата, осомничениот беше веднаш лишен од слобода, а Основното јавно обвинителство Струмица веднаш презеде дејствија за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.