Вработен во „Макстил“ утрото загинал на работното место, соопшти компанијата. Почната е истрага за причините за несреќата.

Денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на „Макстил“ каде животот го загуби наш вработен. Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата, соопшти „Макстил“.

Од компанијата наведуваат и дека ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси за помош во истрагата за откривање на причините за несреќата.

Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега, се додава во соопштението од компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.