Вработен во електродистрибутивната компанија, ЕВН загинал денеска околу 9 часот и 30 минути откако паднал од далновод во близина на тетовското село Џепчиште.

Во СВР Тетово околу 9.30 часот вработен во ЕВН пријавил дека неговиот колега Д.С. (43) вршејќи интервенција односно отстранување на дефект на далновод паднал и починал. Повикана е итна медицинска помош која констатирала смрт, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во тек е увид кој го вршат јавен обвинител и службите на СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.