Вработен во ЕВН Македонија вчера бил физички нападнат во липковско додека извршувал работни задачи, соопшти денеска СВР Куманово.

Вчера во 15:30 часот во СВР Куманово, вработен во ЕВН Македонија пријавил дека додека извршувал работни задачи во село Никуштак, општина Липково, бил физички нападнат од Н.С., информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.