Во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во погон на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, на еден од меѓукатовите, бил пронајден починат Г.Ѓ.(61) од с.Долно Лисиче, Скопско, вработен во погонот.

Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.