Нема повредени лица во пожарот што избувнал утринава околу 9 часот во возило во движење на стариот пат Тетово-Скопје.

Утрово во 8 часот и 55 минути во СВР Тетово е пријавено дека на стариот пат Тетово-Скопје се самозапалило во движење возило марка „мерцедес“. Возилото е сопственост на фирма од Тетово, а во пожарот за среќа нема повредени луѓе. Оштетен е предниот дел од возилото, информираше тетовската полиција.

На пожарот интервенирале и припадници на тетовската територијална противпожарна единица кои за кратко време го локализирале и изгасиле огнот.

фото:архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.